Александар Ицов со промоција на својот прв солистички албум

Напишано од на August 22, 2021

Александар Ицов и го вети на својата публика кога им ја подари разиграната “Михаелина игра”, за кратко време и го оствари. Композициите кои малку по малку се собираа во изминатиот период ни го донесоа на виделина овој долгоочекуван музички проект на Александар, неговиот прв солистички албум насловен како “Николова единаесетка”.

За тоа освен самиот тој, неговата работа и желба за успеси голема заслуга имаат и колегите со кои успешно соработува како и неговото семејство кое му ја дава најголемата подршка и мотивација. Албумот содржи осум композиции од кои за четири од нив музиката ја напиша самиот Александар, за две ја напиша познатиот Сашко Велков, а две ора се народни за кои аранжманите ги облагороди Љупчо Соколовски. Освен Бубе како гости на албумот се појавуваат и Гоце Јанкулов (кларинет) и Демир Кантуроски (труба), а цедето го издаде “Сенатор” од Битола.


Reader's opinions

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *



Моментално во етер

Title

Artist

Следува