БОРИС НОВКОВИЌ СО „ПУН МЈЕСЕЦ, ТИ И ЈА“, ГО НАЈАВУВА НОВИОТ АЛБУМ!

Напишано од на February 12, 2021

Новата песна на омилениот хрватски поп музичар Борис Новковиќ, насловена „Пун мјесец, ти и ја“, е продолжение на соработката на Борис со продуцентот Хрвоје Прскал и неговиот придонес кон оптимизмот кој очајно ни е потребен во сегашната ситуација.

За песната е објавен и интересен спот во режија на Раул Бржиќ, а покрај Борис Новковиќ, во видеото се појавуваат и Сара Фадљевиќ и Дино Рашидкадиќ.

„Од кога решив да престанам да пишувам и снимам сериозни и драматични песни пред една година, многу се забавувам, исто како во раната младост на почетокот на мојата кариера. Овој свет е доволно исполнет со драма и сериозност, така што моите песни, а воедно и оваа нова песна , се мојот скромен придонес кон гледањето на светот со розови очила, во потрага по позитивната и космичката љубов во сè околу нас. Со овој нов сингл го најавувам новиот албум полн со прекрасни приказни и слики од животот, оној живот со позитивна енергија што е во сите нас и чека да биде ослободен. Додека ја пишував оваа песна,  замислував атмосфера од разни филмови, некои романтични сцени, и бидејќи и самиот сум филмофил, музиката и зборовите почнаа да излегуваат од мене сами. Се надевам дека ќе ви се допадне “. -изјави Борис Новковиќ

Инаку, новиот студиски албум, кој се очекува да излезе оваа пролет,  ги вклучува и претходните синглови на Борис „Гори улица“, „Мој град“ и „Динамит“, кои беа меѓу најслушаните хрватски синглови минатата година.


Моментално во етер

Title

Artist