ВЕНКО СЕРАФИМОВ И „НОКАУТ“ ЈА СНИМИЈА „GOOD OLD FASHIONED ROCК&ROLL“

Напишано од на May 19, 2021

„Good Old Fashioned Rocк&Roll“ е новата песна која се појави деновиве во соработка на групата “Нокаут“ и Венко Серафимов. За песната, која претставува своевиден омаж на рок‘н‘ролот, музиката и текстот ги напиша Венко, а аранжманот е на Никола Перевски – Пере.

Ова е прва директна соработка на Венко со „Нокаут“, иако тие и порано настапувале заедно. Во 2020 година, Венко беше специјален гостин на концертите на групата „Нокаут“ во Охрид и во Битола. Како реномиран рок-артист и гитарист со кариера, долга веќе четири децении, Венко по овие концерти изјави дека со задоволство им се придружил зашто „Нокаут прават поп-музика која е многу фер и музикална“. Сега, заедно направија класична рок‘н‘рол песна, која е многу енергична, многу гитарска и во најдобрите традиции на жанрот.


Reader's opinions

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *



Моментално во етер

Title

Artist

Следува