Гавазова ја покажа тетоважата што ја има на ова „незгодно“ место

Напишано од на March 14, 2021

Пејачката се пофали дека е на зимување со семејството, но го привлече вниманието и со тетоважата. Сузана Гавазова важи за една од најзгодните фолк пејачки во Македонија, а на социјалните мрежи редовно привлекува внимание со своите фотографии.

Пејачката овој пат објави неколку фотографии и откри дека е на зимување во Копаоник. Но покрај фотографијата од која можеме да видиме како ужива на вчера со сопругот, пејачката објави и една на која во центарот на вниманието е нејзиното деколте, а на сите им го привлече вниманието со тетоважата која ѕирка под тесната облека на овој дел од нејзиното тело.

Имено, Гавазова под левата клучна коска ги има истетовирано зборовите „Љубов, надеж, верба“, но на италијански јазик. Како што своевремено самата откри за медиумите, оваа тетоважа ја има направено со надеж и верба дека еден ден ќе го најде својот животен сопатник, што набргу и се случи.

Покрај оваа тетоважа таа имаше и една во форма на око, која пред извесен период ја покри со друга. Пејачката има тетоважа и на својата „позадина“ – нејзиниот хороскопски знак, стрелец. Инаку, Гавазова важи за пејачка која не е премногу загрижена за она што другите ќе кажат за неа.

Таа во последно време на ѕвезденото небо се истакнува и со своите специфични модни комбинации, а не ретко објавува и фотографии на кои покрај оскудните изданија, можеме да ја видиме и во костими за капење.

Пејачката е свесна дека има убаво тело и тоа не го крие, а од овие фотографии можеме да видиме и дека има голема тетоважа на раката, во пределот на рамото.

Таа своевремено, пред да ја направи оваа тетоважа, за тоа ги извести и своите фанови. Еве како овој дел од телото на Гавазова изгледаше порано, пред да ја покрие старата тетоважа.

Во галеријата што следува погледнете уште неколку интересни изданија од нашата згодна пејачка.


Моментално во етер

Title

Artist