Елена Андоновска со најава за нов видео запис

Напишано од на April 24, 2021

Ги имаме, ги слушаме и уживаме во нивната музика и изведби…изведби кои како некое ехо остануваат зад нашите најголеми песнопојци испишани со златни букви во македонската народна музика. И ехото трае и се одржува благодарејќи на сите оние кои со својот глас и инструменти постојано му се вметнуваат и на моменти го засилуваат. Денот е убав кога и вестите во него се убави и носат нешто ново, ведро, позитивно.

Деновиве Елена Андоновска го сними видео записот за песната “Мори деј Невено” која е дел од нејзиниот нов албум “Запеало славеј пиле”. На тој начин таа официјално ја започна и медиумската промоција на албумот токму како што им вети на своите обожаватели. Истиот се снимаше во Кратово, Куклице и с. Страцин од каде што потекнува доајенот на македонската народна песна Вања Лазарова. За свои соработници Елена повторно ги одбра “Арт студио” – продукција со кои успешно ги сработи и предходните видео приказни од првиот свој албум.

Судејќи според кадрите ова ќе биде една прекрасна визуелна разгледница која опфаќа уште еден познат крај и предели од нашата лична Македонија….предели како создадени за да одекне гласот на Елена која ни нагласи дека ова нејзино видео ќе биде во чест на големата и незаборавна Вања Лазарова. 


Reader's opinions

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *



Моментално во етер

Title

Artist

Следува