ЖЕНСКОТО ТРИО „ТРИНИТИ СТИНГС“ ПРОМОВИРА ШАРМ И ТАЛЕНТ

Напишано од на July 14, 2021

Три шармантни и талентирани девојки, еден историски локалитет, еден предизвикувачки рефрен и многу пофалби и поддршки. Вака накусо звучи приказната околу женското трио „Тринити стрингс“, кое деновиве ја објави песната „Да или не“.

Во „Тринити стрингс“ членуваат: Марта Куч, виолончелистка и вокал и виолинистките  Александра Мирсинова и Ирена Стојановска. Музиката и текстот на песната “Да или не“ ја напишаа Марта и Ирена, а аранжманот, миксот и мастерингот се на Иван Јованов – Iwayo.

За песната е снимено и атрактивно видео во продукција и режија на Горан Симјановски. Историскиот локалитет Хераклеја е извонредна сценографија за ненаметливиот шарм на трите девојки од „Тринити стрингс“.


Reader's opinions

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *



Моментално во етер

Title

Artist

Следува

Background