Како изгледа земја која ја победи короната – концерт во живо со 50.000 публика

Напишано од на April 26, 2021

Повеќе од 50.000 луѓе присуствуваа на рок концерт во Окланд, Нов Зеланд, каде што граѓаните беа изземени од правилата за физичко дистанцирање, откако државата го победи вирусот ковид-19 со строги ограничувања.

Бендот Six60 свирише пред голема публика низ целата земја, а синоќешниот концерт беше финалето на турнејата и се одржа на најголемиот стадион во Окланд и се смета за најголем во светот од почетокот на пандемијата.

На концертот беа почестени војниците-музичари, а изведувачите на народот Маори беа поканети да се придружат на бендот на сцената, објави „Њујорк пост“.

Само 26 лица починаа како резултат на ковид-19 во Нов Зеланд, кој има околу пет милиони жители.


Reader's opinions

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *



Моментално во етер

Title

Artist