Легендарната песна „Храбри људи” во ново руво

Напишано од на April 24, 2021

После многу години, легендарната песна на Ѓорѓе Новковиќ и Арсен Дедиќ „Храбри људи“, доби сосема ново руво, со еден нов звук, аранжман и нова душа .

Вистински мал дијамант во светот на музиката, како што ја нарекуваа критичарите уште од времето кога е создадена, оваа песна во февруари годинава, доживеа своевидно реиздание,

а прекрасната изведба со најдобрите и најпрепознатливите вокали со кои се гордее хрватската музичка сцена не остави никого рамнодушен.

„Храбри људи“, преполна со емоции, но и енергична и со јака порака, а за така да прозвучи, заедно со Габи Новак, вистински се потрудија и Тереза ​​Кесовија, Дорис Драговиќ, Зорица Конџа, Јосипа Лисац, Јасна Злокиќ, Џибони, Томислав Мужек, Теди Спалато, Петар Грашо и Марко Тоља.

Инаку, идејата за новиот кавер на овој безвременски хит е на  Анте Гело, аранжер, композитор, гитарист, музички продуцент на најголемата медиумска награда во Хрватска, кој вели дека песната е посветена на сите храбри луѓе кои се наоѓаат на првата линија на одбраната во борбата против пандемијата на коронавирусот.


Reader's opinions

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *



Моментално во етер

Title

Artist