Младиот велешанец направи cкaндaл во Ѕвездите на Гранд но откри што мисли за шоуто

Напишано од на March 15, 2021

Никој не очекуваше ваков „крај“ . Откако младиот пејач од Велес, Александар Темелков, ја напушти сцената во Ѕвездите на Гранд бидејќи не доби ниту еден глас од претставниците на жирито, тој се огласи и преку социјалните мрежи со порака до фановите.

„Драги мои фанови, пријатели и обожаватели, од срце ви благодарам за бескрајно огромната поддршка која што ми ја пруживте овие неколку години. Ви благодарам за секоја пофалба, за секој совет, за секоја критика, вие сте моја најголема мотивација и затоа ќе продолжам и понатаму без разлика на сето ова“ напиша Темелков и додаде:

„Исто така во 5-от круг го завршувам моето учество во ова шоу, но морам јавно да го споделам ова со сите вас. Јас знаев дека ќе испаднам затоа што сé пред време се договара, кој ќе оди, а кој ќе испадне. Но сепак сакав да останам достоен до самиот крај и да се појавам. За жал вие гледачите тоа не можете да го видите, што се случува зад сцената, па на сите ви е малку чудно, а што се однесува до гласањето на жири комисијата се беше договорено пред мои очи и после ова мислам дека шоу како што е ‘Ѕвездите на Гранд’ не е за мене или едноставно да кажам не ме заслужува“, напиша младиот велешанец по шоуто на својот профил на социјалните мрежи.

Тој во својата објава додаде и дека Гранд ѕвезди не се за него и дека ќе се посвети на нови музички проекти.

Инаку, тој настапи задно со Павле Павловиќ од Парачин од тимот на Александар Милиќ Мили, кој за разлика од велешанецот жирито доби четири гласови.

„Кандидатот број два и во минатиот круг помина на шега, и комичност и на мое добро расположение, но Темелков, сине мој мил, ве разбирам. И твојата волја и желба, и дека си најсреќен кога ќе застанеш на оваа сцена, но за тебе нема понатаму. „Не вреди“, му кажа Марија Шерифовиќ.

Александар тогаш помисли дека жирито се шегува, како што еднаш му направија, и дека ќе му дадат гласови, но кога сфати дека се сериозни и дека навистина се убедени дека нему повеќе не му е место во натпреварот, тој и се заблагодари на менторката и замина од сцената без да се поздрави.

„Па не ти е виновна менторката, ало дечко“, му се обрати Карлеуша револтирана од неговата постапка.

Имено, 21-годишниот Александар Темелков во ова музичко шоу настапи и кога имаше само 15 години, а остана запаметен по изведбата на песна од Зорица Брунцлик и кога Карлеуша го зема во рацете и го изнесе на сцената.

Младиот пејач тогаш доби „ДА“ од жирито и голем аплауз од публиката, а кога Ѓорѓе Давид застана до него на сцената, облечен во хеланки, поради разликата во нивната височина, тогаш и двајцата предизвикаа смеа во публиката.


Моментално во етер

Title

Artist