РЕЖИСЕРСКО ДЕБИ НА МИЈАТА, ЗА НЕЈЗИНАТА ПЕСНА „МАСКА“

Напишано од на February 10, 2021

Откако кон крајот на минатата година ја објави песната Маска, Мијата сега го промовира и видеото за оваа песна, кое го режираше самата. Видеото е амбициозно сработено, со дигитална анимација, со танчери, костими и сите други нишани.

За своето режисерско деби Мијата вели дека ја однело кон нови познанства, соработки и искуства и дека уживала во секој момент од создавањето. Нумерата „Маска“ настана како рефлексија на актуелнава пандемија, но има и други меѓуслоеви во нејзината порака.

Покрај тоа што е режисер на ова уникатно видео издание, Мијата се јавува и како автор на музиката и текстот на песната Маска. Аудио соработката беше со Дамир Пух и Наташа Миха, а за видеото да биде како што е, голема заслуга имаат танчерките од денс-студиото Dancers United, и нивната кореографка Сара Кочан. Мијата неизмерно смело настапува во своите творби како музички/текстуално така и визуелно.

Маска е дел од нејзиниот втор албум кој е во најава за оваа година.


Моментално во етер

Title

Artist