„Таму кај што вечно сонце сјае, таму е Македонија“ – култната преработка на Меморија полни 30 години

Напишано од на February 11, 2021

„Нека ни е честита слободна, суверена, самостојна Македонија!“ Со овие зборови пред 30 години, тогашниот претседател Киро Глигоров им го честиташе на граѓаните референдумскиот резултат.

Групата Меморија беше дел од настапот со кој се прогласи независна и суверена Македонија како дел од прославата на плоштадот во Скопје.

Прво настапија со песната „Оган под ѕвездите“, а во моментот на прогласувањето на независноста на Македонија почнаа да ја свират истоимената песна која придружена со огномет предизвика бурни овации и емоции кај публиката.

Песната „Македонија“ оваа година ја прославува својата 30-годишнина. Таа била дел од вториот албум на Меморија – „Октомвриски дождови“ објавена во 1991 година каде што се најде и обработката на песната „Македонија“ од репертоарот на групата Тајм и Дадо Топиќ.

Оригиналната песна датира од 1973 година. „Македонија“ во изведба на Топиќ се вбројува во 100-те најдобри поранешни југословенски рок песни.

Слушнете ја култната преработка на Меморија, како и изведбата во живо на последниот голем концерт на групата во 2017 година:


Моментално во етер

Title

Artist