Ќе ви се наполни душата: Вака звучи Јонче Христовски во Њу Орлеанс

Напишано од на May 20, 2021

Дружината ја свири „Ако умрам ил загинам“ среде улица во Њу Орлеанс. Инаструментално, мислиш спремни се секој момент од некоја од тие кафаните да излезе Јонче Христовски и уште еднаш да замафта со сакото.

Јонче Христовски е истакнат македонски пејач, текстописец и композитор на песни во народен дух, исклучително популарен естраден уметник, кој славата на македонскиот мелос ја пронесувал низ целиот свет.

Создал сопствен интерпретативен стил, препознатлив и комуникативен со публиката.

Најзапаметени меѓу народот ќе останат неговите сценски настапи со фрлање на палтото на земја, бакнување на земјата и боемскиот мераклиски начин на живот отсликан во неговите изведби на песните.

Неговите песни изобилуваат со изворен македонски народен звук и ритмика и силен македонски патриотски дух на љубов кон Македонија, но и кон животот, песната, љубовта.


Reader's opinions

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *



Моментално во етер

Title

Artist