Џамбо Агушев прогласен за крал на ромската музика во соседна Бугарија…

Напишано од на May 14, 2021

Неговото име е асоцијација на разиграност, веселост и позитивна енергија која тој заедно со неговиот оркестар “Агушеви” ја имаат секогаш во себе, но безрезервно ја делат каде и да стапнат…а стапнале скоро насекаде по светот. И можеби затоа се толку нетрпеливи да започнат повторно со своите многубројни концерти кои пред пандемијата беа резервирани однапред за цела година – две.

Оваа година на 8-ми април се навршија 50 години од првиот Светски конгрес на Ромите одржзн далечната 1971 година во Лондон. Тоа беше повод и за настанот во Кремиковци (Бугарија) каде се доделија наградите “крал и кралица на ромската музика” на нашиот Џамбо Агушев и бугарската пејачка Роксана. Оние што ја следат бугарската музичка сцена веќе го знаат хитот од минатото лето “Нека ме боли” каде гостуваше Џамбо со неговиот оркестар….соработка од која Роксана своевремено изјави дека е презадоволна и почестена.


Reader's opinions

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *



Моментално во етер

Title

Artist