Естрада

Eд Ширан растура со нови песни и со заработка

todayNovember 2, 2021

Background
share close

Добитникот на Греми пејачот Ед Ширан е прогласен за најбогата британска ѕвезда под 30 години, со своите 278 милиони евра. Песната „Shape of You“ е најстримуваниот негов сингл, а тој ја има и турнејата со најголема заработка на сите времиња. Ширан, инаку, неодамна го објави својот нов албум, „Equals“. Со вкупно богатство проценето на 236,5 милиони фунти, пејачот Ед Ширан третпат ја задржува својата круна на најбогатата британска славна личност помлада под 30 години. Втората најбогата славна личност по Ширан е англискиот пејач и текстописец Хари Стајлс, чие вкупно богатство се проценува на 94 милиони евра. На третото место на листата е женската група „Литл микс“, четврти е Најл Хоран, а петта е глумицата Кара Делевињ. Други попознати личности на листата за 2021 година се Луис Томлинсон и Лијам Пејн, и двајцата проценети на 47 милиони фунти (55 милиони евра), Дуа Липа (43,5 милиони фунти), Зејн Малик (38 милиони фунти) и Сем Смит со 36,8 милиони фунти. Некои од најбогатите ѕвезди вон Обединетото Кралство се Кајли Џенер, која го зазеде првото место со 773 милиони фунти (1,05 милијарди долари), а потоа следи и пејачот Џастин Бибер со 347 милиони фунти. На листата на најбогати британски спортистки на прво место е велосипедистката Лора Кени со 4,7 милиони фунти, а по неа е шампионката на Ју-ес опен Ема Радукану со 4 милиони фунти

The post Eд Ширан растура со нови песни и со заработка appeared first on Република.

Written by: KissFM

Rate it

Previous post

Естрада

Почина Влатка Гракалиќ, поранешната пејачка на Сребрени крила

Влатка Гракалиќ, поранешната пејачка на Сребрени крила, почина еден месец откако дознала дека боледува од рак на матката. Таа настапуваше со Сребрени крила од 1994 до 2000 година, а во групата се приклучи по заминувањето на Влатка Покос. Гракалиќ починала во неделата во Норвешка на 48-годишна возраст, потврди за „Вечерњи лист“ сестрата на Влатка, Маја. Да, за жал Влатка почина во неделата на 31 октомври 2021 година, по кратко и […]

todayNovember 1, 2021

Post comments (0)

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

СЛУШАЈТЕ ГО РАДИО KISS FM ПРЕКУ ВАШАТА ОМИЛЕНА АПЛИКАЦИЈА

0%