Пејачот Спасен Силјановски СЕ РАСПЛАКА среде емисија

Напишано од на March 17, 2021

Македонскиот фолк пејач Спасен Силјановски и покрај тоа што е извонреден пејач, тој е познат и како композитор.

Спасен зад себе имаше навистина бурна година. Вирусот Ковид 19 не ги одмина македонските музички ѕвезди, а некои од нив за жал и ја изгубија битката. Спасен е доста активен на социјалните мрежи, каде често споделува фотографии од своето семејство и од работите кои ги прави во слободно време.

Мора да се признае дека пејачо умее да биде и доста романтичен, а тоа се гледа од фотографиите кои ги објавува од неговта сопруг која е вистинска убавица. За неа секогаш пишува емотивни пораки. Спасен и Ана пред седум години се заколнаа пред Бога на вечна љубов во манастирот Света Богородица Пречиста, а на свадбата пееја колегите на Спасен – Дарко Стојаноски, Орце Стефкоски, Благица Калева и групата „Модус“.

Нивните деца имаат пет и седум години, а како што самиот вели, најголемата поддршка ја добива од својата убава сопруга. Но тој не крие дека таа понекогаш знае да биде и љубоморна, но во нормални граници, а во интервју за „Вечер.пресс“ отворено зборуваше и а тоа дека семејството за него го претставува клучниот фактор за успех.

Тој со своите фанови на Фејсук сподели и дека е позитивен на вирусот Ковид 19 и откри како му поминале деновите во изолација. Од срце ви благодарам на сите вас кои несебично ми ја дававте вашата поддршка и ви посакувам беспрекорно многу здравје.

„Им посакувам здравје и на оние кои го посакуваа мојот трaгичен крај но Спасен Сиљаноски е Лав и се бори до крај така да не им се исполни желбата но ќе кажам само едно “Простиим Господе незнаат што прават”. Ќе ми извините сите но најголемото БЛАГОДАРАМ ќе го дадам на мојата сопруга затоа што иако знаеќи дека може да се зaрази од мене сепак не ме остави сам ниту една секунда“, напиша пејачот.

Тој вели дека во времето поминато во изолација успеал да извлече и поука.

„Научив кои ми се вистински роднини, другари, пријатели, колеги, а научив и кој се лицемери и лажни ликови кои се плеткаат во мојот живот само од личен интерес, таквите за моја среќа, а нивна несреќа ќе ги оттргнам од мојот радиус….

Иако прилично лесно се справив со болеста и со лесна физичка болка сепак имаше една друга болка многу потешка од ковид-19,а тоа беше моментот кога не смеев да си ги гушнам дечињата. Во една прилика ми рекоа: “Тато зошто не сакаш да се гушкаме и зошто не спиеш со нас? ти повеќе не не сакаш” .Си отидоа од мојата соба плачеќи, тие плачат на глас, а јас затворен плачам сам и душата ме боли неможеќи да им објснам зошто е тоа такa. Сепак има Господ и на крај нештата си дојдоа на свое место.

Уште еднаш ви БЛАГОДАРАМ БЛАГОДАРАМ БЛАГОДАРАМ !!!

п.с. Ветувам дека стојам на располагање 24/7 да ја донирам мојата крвна плазма за НЕДАЈ БОЖЕ доколку на некој му е потребна без разлика на вера, нација, боја, бидеќи секој живот подеднакво е важен….Ве сака вашиот Спасен Сиљаноски и ви ветувам дека наскоро ќе ве почестам со еден нов хит“, откри пејачот.

И нормално, ветено-сторено. Тој повторно ѝ се врати на музиката, а на Фејсбук се пофали дека конечно имал можност да запее.

„Конечно микрофон после 8 месеци, конечно да се почувствувам жив, конечно дишам…Ова општество ни наби комплекс на ниска вредност, не направи да се чувствуваме бескорисни, непродуктивни покрај талентот кој неспорно го поседуваме… Музиката е живот“ напиша тој на Фејсбук

Спасен потекнува од с.Пополжани Кичевско, за кое вели дека е најубавото местенце во Македонија. На 4 години веќе чисто и целосно ја пеел познатата песна „Крушево абер пристигна“, а на својот шести роденден ја добива првата хармоника, која и до денес ја чува како сувенир.

Тој е многу приврзан и за својата мајка, Јагода, која најчесто ги пишува текстовите за неговите песни.

Деновиве сподели снимк од негова изведба а песна која неговата мајка ја има напишано за друг пејач. Оваа снимка нарзо доби многу прегледи. На пејачот кој не можејќи да ги задржи емоциите додека ја пееше песната „Мајка“, од почетокот до крајот на изведбата му течеа солзи.

„Ќе ми простите што ја пејам со треперлив глас но емоциите си го прават своето….Оваа песна мислам дека е една од најемотивните и најубавите која ја имаме создадено со мојата мајка…за жал не беше ксмет да извадам јас студиска снимка. Прв пат ја изведувам во живо во емисијата “Имат Немат” во придружба на група “Чардак”….Ви ја посветувам на сите вас драги пријатели и љубители на Македонската музика, на сите вас кои знаете што значи зборот МАЈКА ,а посебно за мојот драг другар Бошко Карадакоски“, напиша тој на Фејсбук.

Песната е прекрасна и навистина буди емоции кај секој од нас.


Моментално во етер

Title

Artist