Војо Стојановски со песната „Песна за кралот Александар„

Песната на Војо Стојановски – „Песна за кралот Александар„ го разбудува македонскиот дух за патриотизам во овие тешки мигови за Македонија.

Текстот треба да го слушне и прочита секој македонец било каде да се наоѓа на земнинава топка, а најповеќе македонците кој живеат во суверена Македонија.

СЛУШАЈТЕ И УЖИВАЈТЕ 

Ај големо чудо, чудо бре станало
на деветти октомври,
кралот ми тргнал, кралот Александар,
за во града Марсеја,
по море да оди, побргу да стигне,
сојуз да направи.

Ај што ми кинисал по море широко
со параходите.
Таму го пречекал министерот Барто
со генералите.
Сојуз ќе прават, сојуз душмански,
против жална Македонија.

Таму во кафана тројца Македонци
тока ми правеја,
Тока правеја, коцка фрлаја,
кој на кралот ќе пука?!
Тока правеја, коцка фрлаја,
кој на кралот ќе пука?!

Ајде малерозна коцка ми падна
на Владо Црноземски,
малерозна коцка ми падна
на Владо Црноземски,
ајде малерозна коцка ми падна
на Владо Штипјанчето.

Тогаш ми Владо букет в раце зеде,
пиштол внатре му стави,
пиштол внатре стави, почна пат да прави,
за до кралот да дојди,
и од букетот куршуми фрчат
– кралот мртов падна.

Слушај бре кралу, кралу Александар:
“Еве ти ја Македонија!
Нека разбере цела Европа
дека постои Македонија!
Дека постои Македонија,
а не Јужна Србија


Reader's opinions

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


Моментално во етер

Title

Artist