Сузана Спасовска

Scheduled on

Понеделник 23:00 12:00
Четврток 06:10 06:50
Недела 03:00 22:00

Сузана Спасовска

Tagged as
Сузана Спасовска (Скопје, 24 август 1964) — македонска фолк пејачка која од 80-тите години на XX век ја негува македонската песна и има снимено над 15 самостојни аудио и dvd изданија, многу видео записи со врвен квалитет, музички антологии, самостојни концерти и фестивали. Нарекувана е „Сузе Национале“, „златното грло“, „славејот македонски“. Позната е по своите уникатни настапи и кореографии.

Спасовска уште од дете настапувала во голем број хорски ансамбли и пејачки групи. Подоцна постигнала извонредна пејачка кариера, изведувајќи неколку стотини народни и авторски фолк песни.

Од почетокот на својата кариера, таа има забележани дуети снимени со повеќе пејачи, почнувајќи од Мишко Талески (”Верувај во овој живот”,”Навек векуваш Македонијо”,”Прочка”,”Вечнаја памјат владико Кирил” и др.), Наум Петрески (”Животот е многу убав”, Пеј, бистро пеј”, ”Невено, Невенке”, ”Цветините очи черешови”, ”Лино, моме Лино”), со Евто Пупиновски (” Ќе се женат другари”), со Миле Кузмановски (”Што спечаливме”, „Ацано млада невесто“), со Спасен Силјановски (”Мерак песна”), гр. Свадбари (”Свадбарска”), Борис Чоревски (”Печалбарска балада”, ”Столетна”), Дарко Нечовски (”Бог го има секој клуч”), Новица Василевски и група Биоритам (”Назад, назад, Калино моме”), групата „Академци“ (“Петка, глава“), Оливер Додев (“Имала мајка рани две“), како и уметникот од Бугарија- Васко Лазаров (”Балканска вистина (снимена и на бугарски јазик-Балканска истина)”, ”Терзиче младо”, ”Еден е животот”,”Пусти да се тие граници”), вклучувајќи ги и дуетските цедиња со Цане Петров (”Бакрдан”), Гоце Џуклески (”Тоа сме ние”), Зоран Џорлев (”Виолина и глас”), Балканска истина (дуетско цд со Васко Лазаров за бугарски пазар), Антологиско цд, заедно со Д. Георгиевси, В. Томовска, Н. Петрески, Н. Величковски.

Во организација на „Роса продукција“, на 4 март 2016 година, Спасовска одржала голем јубилеен концерт по повод 30 години од нејзината музичка кариера.

Read more

Podcast of previous episodes

Related news

Сузана Спасовска charts

Sorry, there is nothing for the moment.

Моментално во етер

Title

Artist