Нов сингл и видео спот на „Фанк Шуи“ заедно со Вера Љубојна

Напишано од на March 19, 2018

Бендот „Фанк Шуи“, со својот исклучителен талент и константната работа на својот израз, ја одбележаа 2020-та продуцирајќи два важни синглови во нивната кариера. „Метеори“ и „Ветер“ кои заедно со своите официјални видеа се авторски материјал кој ја мултиплицираше регионалната публика на „Фанк Шуи“, во рекордно време се позиционираше на најрелевантните топ листи, разгорувајќи го медиумскиот интерес на Балканот.

Невреме“ е нов сингл, издаден денеска (10 март, 2021), во соработка со еден од најпрепознатливите и најегзотични женски вокали во поновата македонска историја – Вера Милошевска Јосифовска, кристалниот глас на групата „Љубојна“ и најавтентичната културна фигура на македонскиот мелос. Синглот е достапен на сите дигитални платформи за слободно преслушување и се наоѓа на повеќе од 150 дигитални музички продавници. Официјалното видео ќе се појави со своја премиера на 10ти март во 19 часот на Јутјуб каналот „FUNK SHUI“.

„Невреме“ е еклектична фузија во нова и своја стилска и жанровска рамка, онака како и прилега на бескрајната љубопитност на „Фанк Шуи“.

Бендот во моментов е актуелен со номинациите за видеото „Метеори“ на „ADRIA MUZZIK VIDEO AWARDS 2020“ во дури 3 категории, тие се финалисти на „HEMI Music Awards“, држејќи го регионалниот медиумски и концертен интерес сосема буден и подготвен за следниот чекор.

Моментално во етер

Title

Artist