Естрада

Две лица загинале на концерт посветен на „АББА“ во Шведска

today03/11/2021 4

Background
share close

Две лица го загубиле животот, а едно е повредено во вторникот вечерта во концертна сала во шведскиот град Упсала кога едно од нив паднало од седмиот кат врз двајца посетители, соопшти полицијата. Илјада посетители се собрале во „Uppsala Konsert&Kongres“, модерна повеќекатница во којашто требало да се одржи концертот во чест на прославената шведска поп-група ABBA. Во предворјето на салата е отворен простор во кој паднало лицето од седмиот кат врз двајцата посетители, од кои едниот починал а другиот е полесно повреден. Лицето кое паднало, исто така, смртно настрадало. Портапролот на полицијата не сакал да го открива индентитетот на жртвите додека не бидат известени сите членови на нивните семејства. Несреќата се случила околу 18 часот по средноевропско време додека посетителите влегувале во концертната сала. Концертот требало да започне во 19,30 часот, но е откажан поради инцидентот.

The post Две лица загинале на концерт посветен на „АББА“ во Шведска appeared first on Република.

Напишано од: KissFM

ОЦЕНКА

Коментари за веста (0)

Оставете ваш коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

0%