Естрада

На ОФФ-Фест пет концерти и проекција на документарец за Амалија Родригес

todayOctober 27, 2021

Background
share close

Јубилејното 20 издание на фестивалот ОФФ-Фест ќе се одржи од 9 до 13 ноемри. Планирани се 5 концерти и проекција на документарен филм. Фестивалот на 9 ноември во 20 часот, во Националната опера и балет, ќе го отвори извонредното португалско/шпанско дуо „Lina_Raül Refree“, кое изведува осовремена и надградена фадо музика. А, претходно од 18 часот во МКЦ- кино Фросина, сеќавањата на големата португалска пејачка легенда на фадо, Amália Rodrigues (1920-1999), ќе бидат освежени со проекцијата на документарниот филм „The Art of Amalia”. Мистичниот минимализам, имагинарниот фолк и нескротливата музичка фантазија и вештина на словенечкото трио „Širom“, во комбинација со апокалиптичната самба на извонредниот гитарист/композитор и еден од најзначајните експоненти на современата бразилска музика Kiko Dinucci, ветуваат, на 11 ноември во НОБ, исклучително концертно доживување од највисок ранг. A, на 13 ноември, исто така во НОБ , величествената моќ на еден од најинвентивните и најоригиналните африкански автори Blick Bassy (Камерун / Франција), ќе ја пресретне неодоливиот шарм, визија и поезија на нашиот „ Pijan Slavej“, новиот проект на Бранислав Николов – фронтменот на „Фолтин“. Влезниците за ОФФ-Фест се веќе достапни, во строго ограничен број, на билетарницата на НОБ и на mktickets.mk.

The post На ОФФ-Фест пет концерти и проекција на документарец за Амалија Родригес appeared first on Република.

Written by: KissFM

Rate it

Previous post

Естрада

Љубов, со Шијан никој нема да биде: Клеопатра и ја прорекла судбината на Гоца Божиновска

Гоца Божиновска како и многумина на естрадата често посетува бајачи и старици! Како што некогаш се пожалила, многу работи и биле предвидени во животот, како и дека на нив потрошила многу богатство. Бев кај Клеопатра кога имав 30 години, таа жена навистина знае да ти каже буквално се што ќе ти се случи во иднина. Мене буквално се ми погоди, просто да не поверува човек. Како ми кажа, така се […]

todayOctober 25, 2021

Post comments (0)

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

СЛУШАЈТЕ ГО РАДИО KISS FM ПРЕКУ ВАШАТА ОМИЛЕНА АПЛИКАЦИЈА

0%